Кристиано Роналдо ова лето го напушти Реал Мадрид и направи сензационален трансфер во Јувентус.
Со заминувањето на најдобриот играч во екипата на „кралевите“ остана голема празнина, а вчера Реал конечно доби ново засилување во офанзивната линија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После многу шпекулации на „Сантиаго Бернабеу“ пристигна или подобро кажано се врати Мариано Диаз. Сигурно дека навивачите на Реал очекуваа некое звучно засилување, но изборот на управата на клубот падна на 25 годишниот напаѓач.
Диаз минатата сезона одигра одлично во Лион каде што пристигна токму од Реал, а иако се шпекулираше дека е блиску до трансфер во Севиља, Реал во последен момент одлучи да испрати понуда и да го врати одличниот напаѓач.
Сепак, тешко е да се очекува дека Мариано Диаз може да го замени Роналдо, но токму тој играч ќе го превземе дресот со број седум кој со години наназадво Реал го носеше Португалецот, барем така тврди новинарот на „Кадена КОП“ Мигел Диаз.
Juanito, Butragueño, Raúl, Cristiano…. Y ahora Mariano!!! El Real Madrid ya tiene '7'.
— Miguel Ángel Díaz (@miguelitocope) August 30, 2018