Дома Фудбал Останато Хрват допатува на натпревар во Белград, но не настапи поради – коронавирус!

Хрват допатува на натпревар во Белград, но не настапи поради – коронавирус!

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Лука Сучиќ го пропушти вчерашниот натпревар против Макаби Тел Авив иако допатува со тимот во Белград каде што се играше натпреварот.

Шпанскиот тим славеше победа од 2:1 во натпреварот кој поради војната во Газа се играше во Белград.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сучиќ се најде во центарот на вниманието поради причината за која не настапи во овој дуел.

Имено, тој пред почетокот на натпреварот дознал дека е позитивен на коронавирус и морал да остане изолиран во хотелот во Белград.

Ваква ситуација потсети на перидот кога пандемијата правеше проблеми во фудбалскиот свет и многу фудбалери пропуштаа натпревари поради вакви причини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Семењо влегува во историјата на англискиот фудбал

Антоан Семењо, новото засилување на Манчестер Сити, ќе влезе во историјата на англискиот ф…