Дома Фудбал Останато Хрватскиот ветеран става крај на 20 годишната кариера!

Хрватскиот ветеран става крај на 20 годишната кариера!

После 20 години професионален фудбал, хрватскиот напаѓач Ивица Олиќ, објави заминување во пензија.

Во изјава за „Билд“ 37 годишниот Олиќ изјави дека се простува од фудбалската сцена.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Спремен сум да ја завршам кариерата. Мислам дека можам да го напуштам фудбалот со чиста совест. Среќен сум, се забавував и имав многу успех. За мене беше сон толку долго време да се натпреварувам на највисоко ниво“- изјави Олиќ.

Негов последен клуб беше Минхен 1860 кој минатата сезона испадна од втората германска лига.

Олиќ кариерата ја започна во 1996 година во дресот на Марсонија, потоа настапуваше за Херта, Загреб, Динамо, ЦСКА Москва, ХСВ, Баерн и Волфсбург.

За репрезентацијата на Хрватска настапи 104 настапи и постигна 20 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Контроверзниот газда на Олимпијакос и Нотингем Форест обвинет за спортско насилство

Грчкиот суд го обвини претседателот на фудбалскиот клуб Олимпијакос Пиреус, Евангелос Мари…