Aукциската куќа која продава на страницата „Тhe Saleroom“ во својата понуда има еден навистина интересен артикл.
Имено, на споменатата страница се појави бронзениот медал кој Хрватска го освои на Светското првенство во Франција во 1998 година, а не е познато кој точно ја продава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во описот се наведува следното: Светско првенство во Франција. Официјален медал за третото место кое го освои Хрватска. Бронзениот медал се уште ја има оригиналната врвка. Произведувач – Бертони. Во прашање е апсолутна реткост“.
Автентичноста на понудените материјали ја гарантира аукциската куќа, а нејзината почетна цена е 7.5 илјади евра. Аукцијата ќе се одржи на 7-ми и 8-ми декември. Медалот ќе припадне на оној кој ќе понуди најмногу.
Хрватската јавноста остана во неверување, а сите се прашуваат кој член на таа генерација се одлучил да го продава неверојатниот спомен и дали се работи за некој фудбалер или пак член на стручниот штаб.