Хрватскиот репрезентативец, Јошко Гвардиол се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци на Мундијалот.
Гвардиол е вистинска сезнација во тимот на Хрватска и многу европски гиганти покажуваат интерес за него, а тој има само 20 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиол има долг договор со Лајпциг, а неговата цена вртоглаво порасна во последните неколку месеци.
Хрватот најсилно се поврзува со трансфер во Челзи, но тој флертува со Реал Мадрид.
„Реал е најголемиот клуб во светот, кој знае, можеби еден ден ќе играм таму. Јас би сакал тоа да се случи. Многу ми е мило кога слушам дека ме поврзуваат со тој клуб“, изјави Гвардиол.