Тодор Гечевски е големо име во македонската кошарка, а во време кога спортот е стопиран поради пандемијата поради коронавирусот хрватските медиуми објавија текст за македонската кошаркарска легенда.
Гечевски дресот на Задар го носеше од 2004 до 2009 и во текстот кој му го посветија медиумите е опишан како еден од најголемите миленици на навивачите на Задар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во Задар Гечевски го доведе Џузепе Џерџи. Веднаш во првата сезона Задар со него Задар ја освои титулата. Следните две сезони не ја освоија титулата во првенството, но дојдоа до два нови Купа. Колку беше квалитетен играч, но пред се човек најдобро говори податокот што Гечевски стана првиот странец кој стана капитен на КК Задар. Тоа се случи во 2007 година. Во сезоната 2007/2008 клубот го водеше темпераметниот Ацо Петровиќ, а Задар стана шампион на државата“.
„Одличниот Македонец во текот на пет години поминати во Задар во секоја имаше двоцифрен просек на поени. После пет сезони Гечевски со тешко срце одлучи да го напушти Задар и порача дека ќе му недостасуваат навивачите, сонцето и риболовот. Од Задар премина во ПАОК, потоа МЗТ, за кариерата да ја заврши во Работнички“, стои помеѓу другото во текстот.
Комплетниот текст можете да го прочитате – тука.