Дома Останати Кошарка „Гечевски можеше да игра во НБА ама најубаво му беше да си запали цигара и да оди во Кавадарци“

„Гечевски можеше да игра во НБА ама најубаво му беше да си запали цигара и да оди во Кавадарци“

Александар Митровиќ е поранешна надеж на српската кошарка играше за Партизан, а еден дел од кариерата помина и во Работнички.

Митровиќ сега имаше интервју за српски „Моцарт“, а во тоа интервју за нас интересен е делот во кој зборуваше за македонската кошаркарска легенда Тодор Гечевски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Таму (во Работнички) играа големи мајстори. Тука беше Тодор Гечевски, значи тој е најголемиот мајстор! Да тренираше повеќе сигурно ќе беше НБА играч. Сепак, тој сакаше да запали цигара и да си оди во Кавадарци каде што му беше најубаво. Беше тука и Чековски, исто така добар играч“, изјави Митровиќ.

Овој кошаркар за Работнички настапуваше во 2015 година. Кога е Гечевски во прашање тој кариерата ја заврши во Работнички пред пет години, во 2012 година беше прогласен за МВП во првенството, титули освојуваше во (2000, 2004, 2012, 2013 и 2014) и дресот на репрезентацијата на Македонија го носеше на 89 натпревари.

Тука можете да го прочитате целото интервју на Митровиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…