Maкедонија денес од 18:00 часот ќе се сретне со репрезентацијата на Хрватска и овој натпревар досега за нас е најголемиот тест од почетокот на СП.
Хрватска ја има улогата на фаворит и традицијата во нашите меѓусебни дуели е на нивна страна.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватските медиуми пред овој натпревар се обидоа со Лино Червар малку да го испровоцираат нашиот голман Борко Ристовски.
„Не ми е потребен Червар за да се мотивран против Хрватска, натпреварот против таква репрезентација е мотив сам по себе. Тоа е рперезентација која е помеѓу најдобрите пет во светот, имаат одлични играчи и секогаш имаат големи амбиции. Не размислувам за Червар и не му посакувам среќа во наредниот натпревар бидејќи ќе игра против нас. Но, на хрватските играчи им посакувам најдобар можен резултат на крајот на натпреварувањето“, изјави Борко.
Ќе потсетиме Червар го пропушти Светското првенство 2017 година поради Червар кој тогаш како селектор на Македонија не го повика за големиот турнир кој се играше во Франција.