Tимот на Дечиќ на едно коло пред крајот успеа да ја освои шампионската титула во Црна Гора откако со 1:0 успеа да слави против Сутјетска на гостински терен.
За овој тим ова е историски прв трофеј во првенството на Црна Гора, а посебен е фактот што доаѓа од град-село, Тузи. Станува збор за место кое се наоѓа на околу девет километри од Црна Гора.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ова место брои помалку од 5.000 жители, а сега може да се пофали дека има шампион во најсилната фудбалска лига во државата.
Стадионот „Тушко Поле“ на кој ги играат натпреварите има капацитет од 2.000 седишта, па така квалификациите за европските натпреварувања ќе мора да ги играат во Подогорица.