Дома Фудбал Германија Хејнкес откри кој ќе брани во финалето на Купот

Хејнкес откри кој ќе брани во финалето на Купот

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес одлучи Мануел Ноер да го стави на списокот од 18 играчи на кои ќе може да смета за финалето во германскиот Куп против Ајнтрахт.

Потсетуваме, Мануел Ноер е надвор од теренот повеќе од една година поради тешката повреда на левото стопало. Првиот голман на Баерн и германската репрезентација не одигра ниту еден натпревар од април минатата година, а постои можност да настапи на Светското првенство во Русија, бидејќи селекторот Јоаким Лев го стави на списокот на играчи за Мундијалот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Ајнтрахт и Баерн на програмата е вечерва со почеток од 20 часот, а стратегот на Баерн најави дека Ноер може да влезе во игра на тој натпревар.

„Тренираше одлично и мило ми е што повторно е меѓу стативите. Мануел нема никакви проблеми, физички е целосно подготвен, но сепак нема да игра од самиот почеток“, изјави Хејнкес, кој на вечерашниот натпревар ќе се збогува од клупата на Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…