Како играч на Реал Мадрид му се предвивуваше голема иднина, а тогаш летото 2016 година Хесе Родригез направи трансфер во ПСЖ и за жал никогаш не успеа да ги оправда очекувањата.
Една од причините се повредите, посебно потешка беше онаа на коленото. Здравствените проблеми Хесе уште ги надополнуваше со недостатокот на труд па го изгуби статусот во ПСЖ. Потоа тој беше испраќан на неколку позајмица, а во декември 2020 спогодбено го раскина договорот со клубот од Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како слободен агент тој можеше да чека понуди од било кој клуб, а реши да ја прифати онаа од шпанската втора лига. Во последните часови од преодниот рок Хесе потпиша за Лас Палмас каде што веќе играше на позајмица во 2017 година.
Jesé, nuevo jugador de la UD Las Palmas.
— UD Las Palmas (@UDLP_Oficial) February 1, 2021
➡️ https://t.co/158fsbGDVy pic.twitter.com/GwzRhQTXVZ