Формирањето на Суперлигата е главната вест во светот на спрототѕ и сосема очекувано клубовите кои потврдија дека ќе учествуваат добиваат големи критики.
Дoдека се чекаат првите потези на УЕФА која заседава во Швајцарија, против 12-те „одметници“ јавноста упатува голем број критики. Многумина јавно зборуваат дека се против Суперлигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчот на ПСЖ, Андер Херера е помеѓу првите светски ѕвезди кои јавно зборуваа за Суперлигата.
„Се заљубив во фудбалот со навивачи, во сон да го видам тимот за кој играм како се натпреварува против најдобрите. Ако Суперлигата се реализира тие соништа ќе завршат. Со оваа лига богаташите го крадат она што народот го создаде – најубавиот спортот во светот“, изјави Херера.