Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес зборуваше за бившиот тренер на кошаркарскиот клуб на Баварците, кого го спореди со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.
Хенес индиректно го „пецна“ Мурињо и изјави дека тој е само ѕвезда и не донесол никаков напредок во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Човек мора да води сметка за тоа да не доведе тренер кој е ѕвезда, туку некој кој добро ќе се интегрира во групата“, изјави Хенес.
„Ќе ви дадам еден пример: Жозе Мурињо е ѕвезда во Манчестер Јунајтед, но не го однесе клубот чекор напред. Цело време се се врти само околу него“, заклучи Хенес.
Мурињо го презеде кормилото на Манчестер Јунајтед во 2016 година, потроши огромни пари на засилувања, но тимот не направи значајни резултати во овие две години.
Сепак, познавајќи го Мурињо сигурно нема да му остана должен на Ули Хенес.
#Hoeneß: „#Mourinho hat #ManUnited kein Stück weiter gebracht“ https://t.co/kh6Csqvpsb pic.twitter.com/T6TK8dKbqV
— SPORT BILD (@SPORTBILD) May 3, 2018