Дома Фудбал Англија Хендерсон со изјавата пред финалето го расипа расположението на навивачите на Ливерпул

Хендерсон со изјавата пред финалето го расипа расположението на навивачите на Ливерпул

Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон го расипа расположението на навивачите на овој клуб со изјавата пред финалето во ЛШ.

Црвените после 11 години конечно дочекаа да играат финале во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, а противник во натпреварот го имаат Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Хендерсон на два дена пред натпреварот зборуваше за фудбалерите кои му дале инспирација во младите години. Во таа прилика во прв план го стави легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, но додаде уште три играчи од кои два нема да им се допаднат на навивачите на Ливерпул. Нормално, причината е што се легенди на Манчестер Јунајтед.

„Секогаш околу себе имав сјајни луѓе кои ми помагаа да се чуствувам добро, покрај семејството или пријателите. Освен Џерард, кој имаше клучна улога во мојот развој, би ги издвоил Кевин Бал, Рој Кин и Стив Брус. Сите беа лидери и имаа големо влијание на мене додека ги гледав.“- порача капитенот на Ливерпул.

Нормално, на навивачите овие денови расположението им е како никогаш и сигурно дека споменувањето на Стив Брус и Рој Кин од страна на капитенот лошо ќе им влијае.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …