Дома Фудбал Англија Хендерсон го нападна ВАР системот, Ливерпул побара истрага

Хендерсон го нападна ВАР системот, Ливерпул побара истрага

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон го нападна ВАР системот после дербито со Евертон и тврди дека намерно се искривуваат линиите за ситуацијата да изгледа како офсајд.

Вчера, ВАР не го призна неговиот веројатно победнички гол за 3: 2 против Евертон во градското дерби, откако беше оценето дека Садио Мане бил во офсајд малку порано во нападот.

„Мислам дека ВАР понекогаш намерно ги искривува линиите за да изгледа како офсајд. Не знам точно како го прават тоа, но го имам видено и порано. Мора да биде офсајд, сите го сакаат тоа“, истакна Хендерсон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Црвените“ побараа од Премиер лигата да ја испитаат употребата на видео технологија во овој случај и во оној со груб влез на голманот Џордан Пикфорд во нозете на Вирџил ван Дајк, што доведе до повреда на Холанѓанецот.

Тогаш беше обележан офсајд и всушност не беше земена предвид интервенцијата на англискиот репрезентативец, а според Ливерпул требало да има црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…