Дома Топ вести Хари Кејн ќе побара трансфер ако Тотенхем не се пласира во ЛШ

Хари Кејн ќе побара трансфер ако Тотенхем не се пласира во ЛШ

Големата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн ќе побара трансфер доколку клубот не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Информацијата ја пласираат англиските медиуми и тврдат дека конечната одлука ќе биде донесена после Европското првенство, но Хари Кејн веќе е разочаран што не освојува трофеи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.

Меѓутоа, напаѓачот има договор со „спарси“ до 2024 година, па Тотенхем сигурно нема така лесно да го пушти и ќе бара рекордна сума.

Како фаворит за неговиот потпис важат Реал Мадрид и Манчестер Сити, кои внимателно ја следат ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…