Хари Кејн во финишот од преодниот рок го напушти Тотенхем и се пресели во Германија каде што игра одлично во дресот на Баерн Минхен.
На 16 натпревари сезонава, Кејн постигна 21 гол и додаде уште седум асистенции, но интересно досега немаше пронајдено дом во Минхен и живееше во луксузен хотел. Англискиот голгетер престојуваше во хотелот „Vier Jahreszelten Kempinski“ во Минхен. Вкупно за престојот во овој хотел Кејн потрошил 1.2 милион евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Кејн пронашол вила во која ќе живее, тврди „Атлетик“. Како што објави реномираниот медиум, Кејн престојува во вила која е во сопственост на поранешна ѕвезда на Баерн, но името на фудбалерот не се објавува.
Таткото и братот кој му е агент на Кејн постојано се во Минхен, додека сопругата и неговите четири деца го посетуваат еднаш месечно. Кејн во Баерн заработува 480.000 евра неделно, односно 25 милиони евра по сезона.