Дома Останати Кошарка НБА Харден блесна со трипл-дабл за 18 минути, Дурант се повреди 🎥

Харден блесна со трипл-дабл за 18 минути, Дурант се повреди 🎥

Американскиот кошаркар Џејмс Харден блесна во победата на Филаделфија против Детроит со 123-111.

„Брадата“ запиша трипл-дабл, а до него стигна за само 18 минути на паркетот, а до крајот постигна 20 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Филаделфија играше без Ембид, па во негово отсуство најефикасен на теренот беше Макси со 23 поени, по што следеше Харден со 20. Ова за Филаделфија беше 24-та победа сезонава и сега имаат 61 отсто триумфи.

Бруклин со 102-101 славеше на гостувањето кај Мајами во крајно неизвесен меч, но оваа победа на Нетс е во сенка на повредата на нивниот главен играч, Кевин Дурент кој настрада откако Батлер падна на неговата нога.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Филаделфија 111:123
Торонто – Портланд 117:105
Индијана – Шарлот 116:111
Мемфис – Јута 123:118
Мајами – Бруклин 101:102
Хјустон – Минесота 96:104
Оклахома – Далас 120:109
Феникс – Кливленд 98:112
ЛА Клиперс – Атланта 108:112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…