Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Хаос кај „коцкестите“: Калиниќ исфрлен од репрезентацијата!

Хаос кај „коцкестите“: Калиниќ исфрлен од репрезентацијата!

Утрово хрватските медиуми информираа за конфликт во редовите на репрезентацијата, а само неколку часа потоа напаѓачот Никола Калиниќ беше избркан од репрезентацијата на Хрватска од Светското првенство.

Селекторот Златко Далиќ му се заблагодари на Калиниќ и го испрати дома, а причина за тоа е неговото одбивање да влезе во игра пет минути пред крајот со дуелот против Нигерија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Напаѓачот имаше слаба сезона со дресот на Милан во минатата сезона, откако постигна само шест погодоци во дресот на „росонерите“.

На денешната пресконференција селекторот на „коцкестите“ Златко Делиќ ќе открие детали и ќе го појасни случајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Може ли Роналдо да го достигне невозможното? Во 2026 година има две јасни цели

Кристијано Роналдо низ својата долга и успешна кариера постави многу рекорди, кои на многу…