Дома Фудбал Италија Хаос во Рома: Џеко пред заминување!

Хаос во Рома: Џеко пред заминување!

Од утрово Един Џеко и Пауло Фонсека се главна тема на италијанските медиуми.

Скоро и да нема спортски голем медиум во Италија која не пренесува утрово за хаосот во таборот на Рома. Џеко не се најде во составот на Рома за натпреварот со Специја во Серија А. Официјалните информации се дека имал повреда, но изгледа не е така. И не може информациите да се погрешни ако како што кажавме сите најпознати медиуми пишуваат исто.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фонсека се налутил на Џеко поради неговите коментари во текот на куп натпреварот со Специја. Тогаш му се заканил со одземање на капитенската лента, пишува „Газета дело Спорт“. Следел разговор со Џеко и Лоренцо Пелегрини, а на крајот Фонсека се одлучил да не го повика Џеко. На Фонсека му пречело тоа што Пелегрини застана во одбрана на Џеко.

„Кориере дела Сера“ наведува дека Џеко го обвинил тренерот дека често го вперува прстот кон поединци и така прави лоша припрема за натпреварите. Според „Ил Месенџеро“ Џеко може да заврши како Папу Гомез кој е прогласен за вишок во Аталанта после расправија со Гасперини.

До крајот на преодниот рок остана уште осум дена и ќе видиме дали тоа е доволно време Џеко да се пресели во нова средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…