Дома Фудбал Италија Хаос во Аталанта: Играчите се свртеа против тренерот

Хаос во Аталанта: Играчите се свртеа против тренерот

Аталанта денес го игра клучниот натпревар во Лигата на шампиони против Ајакс, но атмосферата во тимот е многу лоша, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, дошло до голем конфликт помеѓу тренерот Гасперини и првата ѕвезда Папу Гомез, па соблекувалната е моментално поделена.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека Гасперини ги живее последните денови како менаџер на Аталанта и после вечерашниот меч најверојатно ќе си поднесе оставка.

Гасперини имал конфликт со Папу Гомез, а во негова одбрана застана и Иличиќ, па поголем дел од играчите ја загубиле довербата во тренерот.

Ова е навистина голем удат за Аталанта, која изминатите години токму под воство на Гасперини бележи одлични резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во ПСЖ не се шегуваат: Подготвени се на Барселона да ѝ понудат 350 милиони евра!

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал (18), повторно е во фокусот на трансфер шпекулациите, б…