Дома Фудбал Англија Хаос во Арсенал: Артета отстрани седум играчи од тренинг

Хаос во Арсенал: Артета отстрани седум играчи од тренинг

Арсенал одлично ја започна новата сезона, а во првите две кола сосема очекувано оствари две победи.

Имаат нов натпревар во сабота кога на свој терен го пречекуваат тимот на Фулам и секако дека се фаворити и на овој натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Топчиите“ потрошија многу во овој преоден рок, па така во Лондон пристигнаа Хаверц, Рајс, Тимбер и Раја.

Сепак, се очекуваат и заминувања, но некои играчи не сакаат да го напуштат клубот иако им е кажано дека нема место за нив.

Така Артета мораше да реагира и реши да отстрани дури седум играчи од последниот тренинг.

Балогун, Киеран Тиерни, Албер Самби Локонга, Нуно Таварес и Роб Холдинг денеска испаднаа од првиот тим и тренираа одделно.

Од друга страна, Николас Пепе и Седрик Соареш воопшто не тренираа со Арсенал, туку работат самостојно.

Арсенал на сите начини ќе се обиде да ги продаде овие играчи до крајот на преодниот рок, а останува да видиме дали ќе успеат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бензема може да се врати во Европа, неговата ситуација ја следи гигант!

Пулсот на европската фудбалска сцена го вознемири вест која предизвика значителен интерес …