Искусниот фудбалер на Наполи, Марек Хамшик даде интересно интервју за германски Билд во кое помеѓу другото зборуваше за трансферот во Дортмунд, играњето за Наполи, својата фризура итн.
Да потсетиме, Хамшик е член на Наполи од летото 2007. година кога пристигна од Бреша и од тогаш стана вистинска легенда на клубот. Сепак, во последно време игра се помалку, а претходното лето требаше да го напушти клубот и да премине во Борусија Дортмунд. Во разговор за Билд откри зошто тоа не се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Преговарав со Борусија, вистина е. Преговорите не беа лесни и ми беше кажано дека Дортмунд прво мора да продаде некој играч за да ме донесе.“ – изјави Хамшик и даде свој коментар за Барса и Реал.
„Барселона и Реал секогаш ми биле интересни, но не жалам што не играв таму, повторно би го направил истиот избор.“
Ја прокоментира и фризурата која му е заштитен знак од почетокот на кариерата.
„Наутро ми се потребни две или три минути да ставам гел. Косата ми е заштитен знак и ќе ја држам ваква се до крајот на кариерата.“