Британскиот возач Луис Хамилтон призна дека долго време се мачел ментално и емотивно.
„Поради се што се случуваше околу нас, ова е навистина тешка година. Тешко е да се остане позитивен овие денови“, напиша Хамилтон на Инстаграм па продолжи:
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се мачев псхички и емоционално долго време, констатно вложувам напор да продолжам. Имаме толку многу да направиме и да постигнеме. Ви го кажувам ова за да ви кажам дека е во ред да се чувствувате онака како што се чувствувате, да знаете дека не сте сами и дека ќе го надминеме ова“.
„Еден пријател ме потсети денес, толку си моќен и можеш да направиш се што ќе ти падне на памет. Можеме да направиме се што ќе замислиме“, гласи пораката на Хамилтон.
Сезонава Хамилтон се соочува и со проблеми на патеката затоа што болидот на Мерцедес не изгледа така доминантен како во претходните години.