Дома Останати Авто Мото Хамилтон одбива да преговара за нов договор додека “многу луѓе останаа без работа“

Хамилтон одбива да преговара за нов договор додека “многу луѓе останаа без работа“

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон тврди дека не е згодно да се преговара за нов договор во моменти кога многу луѓе ширум светот останаа без работа.

Британскиот возач објави дека во моментот не преговара за нова соработка со Мерцедес, бидејќи се солидаризирал со многумина кои во време на пандемијата останаа без работа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова не е време да разговараме за нов договор. Тоа го чувствувам искрено и некако не ми е згодно да преговарам за милионски договор. Кога помислам колку луѓе ја загубија својата работа, на оние кои моментално се невработени, преговорите за мојата милионска соработка не е прва работа која треба да ја знаете.“ – изјави Хамилтон и додаде:

„Поради тоа не се чувствувам пријатно, затоа подобро да чекам подобри времиња. Инаку, не преговарам ниту со еден од останатите тимови и мило ми е што ќе останам во Мерцедес, но за тоа подоцна, сега не е време да се зборува за милионски договори.“

Хамилтон е шесткратен првак во Формула 1 со 87 остварени победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Денот кога Формула 1 остана без едно од најголемите имиња во историјата

р …