Луис Хамилтон сезоната во која ја освои шестата титула ја запечати со победа на стазата во Абу Даби.
Одличниот Британец вчера ја возеше 250. трка во кариерата, а по 50. пат стигна до триумфот откако стартуваше од пол позицијата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Хамилтон водеше од првиот до последниот круг по 19. пат, со што го изедначи рекордот на легендарниот Ајртон Сена.
Инаку, за Хамилтон вчерашната победа му беше 84. во кариерата.