Првите десет трки во Формула 1 во оваа сезона се откажани, а причината е позната, пандемијата со коронавирусот.
Челниците во Формула 1 се надеваат дека сезоната може да започне на почетокот на јули и тоа во Австрија, а свое видување даде и Луис Хамилтон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе биде многу празно без навивачи. За нас тоа ќе изгледа како на тестирањата, можеби дури и полошо од тоа. На тестирањата нема многу луѓе, само неколку.“ – изјави Хамилтон.
Го прокоментира и времето кое мора да го помине во карантин.
„Ова е прв пат да сум на едно место скоро два месеци. Ми требаше време да се навикнам, бидејќи е необично. Често патувам, на тоа навикнав.“