Дома Фудбал Хамес: Реал не е само Роналдо, треба да бидеме внимателни!

Хамес: Реал не е само Роналдо, треба да бидеме внимателни!

Играчот на Баерн Минхен, Хамес Родигез, кој е на позајмица од Реал Мадрид ги коментираше престојните натпревари со „кралевите“ во Лига на шампиони.

Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите во полуфиналето, а Хамес вели дека Баварците не треба да натпреварите да гледаат како на одмазда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не треба да баране одмазда против Реал за тоа што се случи минатата година. На натпреварите треба да гледаме како на два чекори до финалето“, истакна Колумбиецот.

Кристиано Роналдо е машина за голови. Секогаш се појавува кога е најпотребно. Треба да внимаваме на него, но и на другите фудбалери. Реал не е само Роналдо“.

„Со сигурност нема да биде лесно, но историјата покажа дека Баерн знае како да му се спротистави на Реал Мадрид“, заклучи Хамес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…