Дома Фудбал Останато Халанд: Јас давам голови цел живот, немојте да се чудите

Халанд: Јас давам голови цел живот, немојте да се чудите

Напаѓачот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд не е изненаден од неговите импресивни бројки.

Младиот Норвежанец стана една од најголемите сензации во светот на фудбалот, но за него не е ништо чудно што постигнува голови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Немојте да се чудите, јас давам голови цел живот. Тоа го правев како дете, го правам и сега. Секогаш знаев дека ќе бидам добар фудбалер, но не очекував дека се ќе се случува вака брзо. Ми се допаѓа сето ова“, изјави Халанд.

Имал понуди од европските гиганти, помеѓу кои бил и Манчестер Јунајтед, но во договор со неговиот агент Мино Раиола ја избрал Борусија.

„Секогаш знаев за навивачите на Борусија, но поинаку е кога играте во тој клуб. Од самиот почеток бев „згреан“ за трансфер во Борусија. Ми се допаѓа начинот на кој се функционира тука. Од првиот ден во Дортмунд се чувствувам како дома“, истакна младиот напаѓач.

Во Борусија Халанд на девет натпревари постигна 12 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Тажна вест: Почина еден од најславните аргентински голман

Легендарниот аргентински голман Уго Гати почина на 80-годишна возраст, само неколку месеци…