Ерлинг Халанд откри детали за неговиот трансфер во Манчестер Сити ова лето.
Халанд беше најбараниот фудбалер на трансфер пазарот и се одлучи да се пресели на „Етихад“, каде блеска и во првите 10 меча постигна дури 14 погодоци, со што сруши повеќе рекорди во англискиот фудбал.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Документарниот филм „Халанд – големата одлука“ откри каков бил списокот на заинтересирани клубови за норвешкиот напаѓач.
„Манчестер Сити беше најдобар клуб на нашата листа, а потоа следеше Баерн Минхен, додека Реал Мадрид беше на трето место. Имаше уште неколку тимови кои беа заинтересирани, а тоа се ПСЖ, Ливерпул, Челзи и Барселона“, открива Халанд.
Голема улога во неговиот избор одиграл спортскиот проект, но и тренерот со кого ќе работи.