Дома Фудбал Германија Халанд: Сега дојдов во Борусија, како да заминам?

Халанд: Сега дојдов во Борусија, како да заминам?

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд во овој момент е еден од најбараните играчи во светот, но нема намера да ја напушти Борусија ова лето што е и очекувано бидејќи дојде во јануарскиот преоден рок.

Интерес за Халанд има констатно, а во прв ред се споменуваат ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус. Сепак, Норвежанецот потврди дека ова лето не оди никаде.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Живеам во сегашноста. Само што дојдов во Борусија како да заминам? Сигурно дека не размислувам за такво нешто. Дортмунд е еден од најголемите клубови во светот. Сакам да направам нешто важно тука, ја сакам титулата што е можно побрзо“, изјави Халанд.

Халанд во Борусија пристигна во јануари и одигра 14 натпревари во Бундеслигата и два во Лигата на шампионите, постигна вкупно 18 голови. Гледајќи ја целата сезона и во натпреварите за Ред Бул Салзбург има учинок од 44 гола на 39 натпревари.

Во медиумите се шпекулира дека во неговиот договор има клазула во износ од 70 милиони евра која може да биде активирана од 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Комо ќе биде интересен за гледање: Фабрегас убеди ѕвезда да го предводи нападот

Цеск Фабрегас го одби Интер, а претходно и Милан и Рома и ја продолжува својата авантура. …