
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Халанд имаше само пофални зборови за младиот фудбалер на овој тим Јоусуфа Моукоко.
Иако има само 15 години, Моукоко веќе тренира со првата екипа на Борусија и Норвежанецот смета дека ни самиот не бил толку добар во тие години.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Моукоко е многу подобар од тоа што бев јас на 15 години.“ – рече Халанд.
Халанд изјави дека не сака да го стави Моукоко под притисок, но додаде дека никогаш не видел момче од 15 години со такви квалитети.
Во Дортмунд планираат да му дадат шанса на Моукоко да дебитира кога ќе наполни 16 години. Со само 13 години Германецот со камерунско потекло играше за У17 селекцијата на Борусија.