Денес Манчестер Сити го потврди трансферот на Ерлинг Халанд.
Чудно беше што иако трансферот беше договорен уште претходно, Сити долго време чекаше за официјалниот потпис. Меѓутоа денес стана јасно – Халанд потпиша на ист ден за Манчестер Сити на кој потпиша неговиот татко, Алфи за овој клуб точно пред 22 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е посебен ден за мене и моето семејство семејство. Роден сум во Англија и навивач и на Манчестер Сити од мали нозе, тука се чувствувам како дома и мислам дека ова е вистински потег. Секогаш сме го следеле Манчестер Сити и и ни се допаѓа клубот и како напредуваа во претходните години. Го сакам напаѓачкиот стил кој го практикува овој тим, тоа е совршено за играч како што сум јас“.
„Верувам дека сум на вистинско место каде што можам да ги исполнам своите амбиции. Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да напредувам како игрча. Едвај чекам да почнат припремите за новата сезона“, изјави Халанд.