Дома Фудбал Лига на шампиони Халанд до новинар: За вас тоа е лесен гол, за мене е фантастичен!

Халанд до новинар: За вас тоа е лесен гол, за мене е фантастичен!

Ерлинг Халанд ги постигна двата гола за Борусија Дортмунд во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Севиља со што на својот тим му донесе четвртфинале.

Младиот (20) голгетерски генијалец така стана првиот фудбалер во историјата кој успеа да постигне најмалку два гола на четири натпревари во ЛШ во низа. Пред реваншот со Севиља тоа го направи првиот натпревар и во двата натпревари на крајот од групната фаза.
Со вториот гол дојде до бројката од 20 голови во само 14 настапи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Така стана фудбалерот кој најбрзо постигна 20 голови во ЛШ. Затоа му беа потребни 10 натпревари помалку од досегашниот рекордер Хари Кејн.
Првиот гол го постигна така што одличната повратна топка од Марко Ројс ја испрати низ нозете на Диего Карлос, а вториот го постигна од пенал.

После натпреварот телевизискиот репотер го опиша неговиот прв гол како лесен, а на тоа Халанд имаше одговор.

„Можеби за вас е лесен гол за мене е фантастичен. Во текот на еден натпревар морам да внимавам на многу детали, низ мојата глава поминуваат многу работи и на крајот морам да бидам на вистинско место за да ја испратам топката низ нозете на противикот. Успеав да го направам тоа. Затоа за мене голот е фантастичен“, изјави Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…