Дома Фудбал Лига на шампиони Хакими: Не знам зошто Реал не веруваше во мене

Хакими: Не знам зошто Реал не веруваше во мене

ПСЖ и Реал Мадрид утре ќе се сретнат во првиот натпревар од осминафиналето ов Лигата на шампионите.

Еден од фудбалерите кои ќе бидат во центарот на вниманието е Ашраф Хакими. Десниот бек беше дел од младинските категории на Реал Мадрид, играше за Реал Мадрид Кастиља, меѓутоа никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим на „кралевите“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличен беше на позајмицата во Борусија Дортмунд, но ниту тоа не беше доволно Реал да го купи. Ситуацијата ја искористи Интер кој го доведе и после една година го продаде во Париз. Во Интер Хакими прикажуваше одлични настапи, нероаѕурите“ го продадоа поради финансиската криза во тимот.

„Не знам зошто во Реал не веруваа во мене. Имаа шанса да ме откупат и после сезоната во Интер, но не сакаше. Јасно беше дека не сум во нивните планови и тоа е во ред, нивна одлука. Среќен сум во Париз и ќе направиме се за да го поминеме Реал“, изјави 23-годишниот Мароканец.

На прашањето колку се променил во однос кога бил во Реал Хакими одговори.

„Многу. Мислам дека созреав како човек и како играч. Повеќе сум одговорен и имам повеќе искуство. Добив некои работи кои едноставно доаѓаат со годините“, истакна Хакими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…