Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ стартува нов проект – „Фудбал во училиштата“

ФФМ стартува нов проект – „Фудбал во училиштата“

Фудбалската федерација на Македонија стартува голем проект поврзан со фудбалот во училиштата.

Проектот на ФФМ беше претставен на денешната конференција на која зборуваше претседателот на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски и претседателот на федерацијата на училишен спорт, Александар Тучекивески.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Стартуваме голем и навистина важен проект. Во соработка со федерацијата за училишен спорт ќе реализираме прокет „фудбал во училиштата“, дел од овој проект ќе бидат момчиња и девојчиња на возраст од второ до петто оделение. Како ќе напредува проектот очекуваме зголемен број на ученици, во првата фаза околу 5.000, па 10.000, а во третата фаза и до 15.000 ученици. Овој проект ќе опфати 120 училишта во нашата земја. Целта е да го доближиме фудбалот до младите“, изјави Ѓорѓиоски.

Очекувањата се овој проект на ФФМ да привлече голем интерес помеѓу најмладите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…