Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ се огласи: Одбиена е жалбата на Академија Пандев

ФФМ се огласи: Одбиена е жалбата на Академија Пандев

Надлежната комисија на ФФМ, ја одби жалбата која ја поднесе Академија Пандев во која Струмичани побараа службен триумф и три бода на нивното конто на табелата, како санкија за Шкендија.

Академија Пандев во својата жалба како причина го посочи неиграњето на младинец во тимот на Шкендија во одреден дел од првото полувреме, кога во 21. минута беше исклучен Енис Фазлагиќ.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Шкендија во игра пушти младинец во 36. минута, кога на теренот влезе Шефити, а комисијата на ФФМ посочи дека запазени се сите моменти од правилникот.

„Комисијата за натпреварување во конкретниот случај ги ценеше и другите оконости кои влијаеле на последиците од постапките на пријавената екипа, но од писмените докази се утврди дека се работи за исклучување на играч заради добиен црвен картон од страна на судијата на натпреварот, добиената санкција – црвен картон има суспензивно дејство и екипата чиј играч се исклучува останува со играч помалку“, се вели во образложението од ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…