Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ потврди: Голот на Вардар против Пелистер е оправдано поништен

ФФМ потврди: Голот на Вардар против Пелистер е оправдано поништен

Викендов се играше дербито во Втората лига помеѓу Вардар и Пелистер кое заврши без победник 2:2, а во него видовме и еден поништен гол на Вардар во 83. минута.

Во својата анализа денес ФФМ потврди дека тој гол судиите оправдано го поништиле.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На натпреварот ФК Пелистер – ФК Вардар одигран на 03.12.2022 година анализирана е ситуацијата од 83 минута.

Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошен судија: Драган Трпчевски и Душко Панов.

83 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)

Играч на гостите додаде топка во шеснаесетникот на екипата на домаќините, негов соиграч ја прими топката и постигна гол, меѓутоа во момент на додавање од својот соиграч, играчот на гостите се наоѓаше понапред од предпоследниот играч од одбраната на домакините.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е поништен и додсудено е офсајд позиција, бидејки играчот на гостите во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во недозволена позиција (понапред од предпоследниот одбранбен играч на домакините)

Комплетната анализа – ТУКА.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …