Фудбалската федерација на Македонија денес во Охрид го одржа вонредното генерално Собрание, на кое беа усвоени измените и дополнувањата на статутот на ФФМ.
Статутот кој ќе овозможи поопширен и порационален избор за нов претседател на најважното фудбалско тело во нашата земја.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Делегатите на ФФМ со големо мнозинство изгласаа ЗА промена во сопствениот Статут на ФФМ, па отсега претседател на Федерацијата не мора да биде само човек кој е делегат на Собранието.
Сега претседател на ФФМ може да биде фудбалски работник кој има константно работење во фудбалот од четири години, а исто така и да биде претставник на некој Општински фудбалски сојуз.
Целосните измени и дополнувања на статутот може да ги видете ОВДЕ
Фото: ФФМ