Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ ги одреди цените на билетите за мечот Македонија – Бугарија!

ФФМ ги одреди цените на билетите за мечот Македонија – Бугарија!

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за претстојниот натпревар со Бугарија во Скопје, на 26 септември, во Лигата на нации.

Цената на влезница за натпреварот ќе изнесува 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTikets, официјален партнер на ФФМ за продажба на билети.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на документи за идентификација.

На табелата води Грузија со 10 бодови, пред Македонија која има седум, Бугарија три, а Гибралтар 1, но нашата селекција се уште има шанси да дојде до првото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…