Дома Останати Фудбал за сите – Mozzart продолжува да го развива спортскиот дух кај младите

Фудбал за сите – Mozzart продолжува да го развива спортскиот дух кај младите

Продолжува поддршката за македонскиот спорт.

Развојот на спортскиот дух кај младите е една од главните цели на компанијата Mozzart, која овој пат беше спонзор на настанот Фудбал за сите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќе од 200 учесници се собраа во Крива Паланка и преку секојдневни игри и забава испратија порака дека рекреацијата и спортувањето се битен дел од секое растење.

Секретарот на општина Крива Паланка, Антонио Давитковски, потсети дека преку својата долгогодишна општествено одговорна работа, Mozzart секогаш помага на настани кои промовираат вистински вредности кај младите.

„Mozzart повеќе пати се покажа како сериозен партнер на општина Крива Паланка. Станува збор за компанија со висок степен на општествена одговорност, подготвена да помогне и поддржува различни спортски настани во секое време. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во иднина“, рече Давитковски.

Лидерот во приредување игри на среќа долги години се обидува да го поддржи развојот на спортот во Македонија, преку бројни спонзорства, кампањата Нови дресови за нови шампиони, стипендии за таленти.

Продолжуваме со исто темпо, и со иста цел, да го развиваме спортскиот дух кај младите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Радувај се Македонијо: Бобан Илиоски е нов светски шампион во кик-бокс во ВАКО Про

Вечерва во одлична атмосфера во Спортскиот центар „Јане СанданскИ“ во Скопје пред голем бр…