Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалските надежи до 15 години подобри од Ерменија

Фудбалските надежи до 15 години подобри од Ерменија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ерменија во рамките на првиот натпревар од Уефа развојниот турнир кој се одржува во Молдавија.

Нашата селекција сосема заслужено се радуваше на триумф откако одигра добар натпревар и создаде многу можности за погодок.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Првата посериозна можност, Македонија ја имаше уште во 10. минута, Крстевски се најде очи во очи со противничкиот голман, но не успеа да реализира за предност на нашите фудбалери. Во 24. минута, противникот постигна афтогол за предност на Македонија од 1:0. До крајот на првите 45. минути имавме можност да ја зголемите предноста, неискористувајќи неколку добри шанси за погодок.

Во продолжението, во 62. минута, Ерменија доаѓа до израмнување на резултатот. Во 81. минута, Алими пропушта нова добра можност за Македонија. Сепак во 86. минута, Павлов од белата точка постигнува погодок за предност и сосема заслужена победа на Македонија со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Куп на Македонија: Работнички елиминиран од третолигаш

Денес стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија со натпреварите од шеснаес…