Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас одлучил да ја заврши професионалната кариера.
Како што пренесуваат португалските медиуми, 37 годишниот чувар на мрежата донел одлука да заврши кариерата откако неодамна доживеа срцев удар и тоа ќе го соопшти официјално во наредните денови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искусниот 37 годишен чувар на мрежата на 1-ви мај итно беше пренесен во болница каде што му бил вграден стент.
Икер беше пуштен од болницата, но за жал повеќе нема да го гледаме помеѓу стативите.
Касиљас силно сакал да брани уште една сезона, а со Порто ја продолжи соработката до 2020 година, но на крајот тој е приморан да стави крај на кариерата.
Реномираниот шпански кардиолог и поранешен кошаркар на Реал, Хуан Антонио Чорбалан објасни дека нема шанси Икер да ја продолжи кариерата.
„Икер нема да биде во можност да се занимава со професионален фудбал откако доживеа срцев удар. Не може да игра фудбал со стентот кој му е вграден. Ќе може да води нормален живот, но за него кариерата е завршена“, изјави неодамна Чорбалан за шпанската национална телевизија.
Касиљас така ќе ја заврши кариерата после 20 години. Ова сигурно не е начинот на кој што сакаше да замине, но друг избор нема.
Неговата кариера и тоа како ќе биде запаметена. Дебитираше за Реал во 1999 година како тинејџер и бранеше во овој клуб до 2015 година кога после конфликтот со Мурињо го напушти клубот.