Aвстралискиот фудбалер Џош Карваљо е еден од ретките кој јавно призна дека е геј.
Фудбалерот кој настапува за Аделаида Јунајтед својата приказна ја сподели на социјалните мрежи.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Ќе споделам нешто лично со вас. Јас сум фудбалер и сум геј. Додека растев ми беше срам и се криев. Со оглед дека сум фудбалер морав да ги кријам своите чувства за да се вклопам и да успеам во фудбалот. Кога расте едно геј лице поинаку од играњето фудбал, тоа се два различни свети“, изјави Карваљо.
Ќе потсетиме, неодамна англиски „Сан“ објави анонимен разговор со играч од Премиер лигата кој признава дека е геј.