Главна тема во денешните спортски медиуми е „Златната топка“ која вчера во Париз беше доделена на Шпанецот Родри.
Реал Мадрид ја бојкотираше церемонијата затоа што сметаа дека признанието треба да заврши во рацете на Винисиус кој се до вчера важеше за главен фаворит.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, Родри откри дека токму од фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал кој и самиот беше во конкуренција да ја добие наградата ја добил првата честитка.
„Зборував со Карвахал, првиот повик кој го добив откако ја напуштив церемонијата беше од него. Тој исто така ја заслужи оваа награда. Тој е фудбалер со кој сум многу близок, а станав уште поблизок со повредата која ни е идентична, тој ги дели истите вредности како и мене, ми честиташе“, открива Родри.