Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со второто место на квалификацискиот турнир од „Б“ лигата обезбеди пласман во завршната рунда во квалификациите за пласман на следното Европско првенство кое ќе се одржи од 5 до 18 мај 2024 во Шведска.
Нашите фудбалски надежи ќе играат во групата „А7“ од „А“ лигата заедно со Полска, Данска и Шкотска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само првопласираните репрезентации од секоја група ќе се најдат на следното ЕП.
Група „А1“: Франција, Германија, Чешка, Словачка
Група „А2“: Финска, Португалија, Исланд, Косово
Група „А3“: Австрија, Унгарија, Белгија, Хрватска
Група „А4“: Шведска, Норвешка, Швајцарија, Велс
Група „А5“: Шпанија, Холандија, Украина, Турција
Група „А6“: Англија, Италија, Грција, Србија
Група „А7“: Полска, Данска, Шкотска, Македонија
Во групата „А4“ доколку Шведска (домаќинот на ЕП) го освои првото место, второпласираната од таа група ќе игра на континенталниот собир.
Потсетување дека македонската репрезентација предводена од селекторот Катерина Милеска на квалификацискиот турнир од „Б“ лигата оствари победи над Грузија (5:0) и Ерменија (4:0), а загуби од Косово (2:1).