Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Фудбалерите типуваат за вас: Ќумбев ги типува натпреварите од Групата Б

Фудбалерите типуваат за вас: Ќумбев ги типува натпреварите од Групата Б

Новата рубрика во која македонски фудбалери типуваат на натпреварите од Светското Првенство стартуваше успешно. Голманот на ФК Вардар, Гачевски го погоди првиот натпревар од групата А, а денес типува и на вториот меч од истата група. Сепак денес ги имаме и првите типови од Панче Ќумбев, претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија.

Панче Ќумбев ги анализира и типува натпреварите од групата Б кои стартуваат денес. Во оваа група е и дербито на денот меѓу Шпанија и Португалија, па да видиме што Панче мисли и за тој натпревар.

ГРУПА Б:

Мароко – Иран – 1X или 0-2 гола @ 1.28 или 1.48 во Coinbet24


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Петок, 15.06.2018, 17:00 часот, Стадион ( Saint-Petersburg Stadium – Санкт Петербург )

Навидум можеби не интересен дуел, меѓутоа дуел кој сигурно ќе донесе машка и борбена игра. Искрено мислам дека овие две репрезентаации ќе се борат за третото место во оваа група, знаејќи дека Шпанија и Португалија се апсолутни фаворити. Се работи за дуел на две репрезентации кои што играат цврст фудбал и не верувам дека ќе има многу голови на овој натпревар. Можеби една грешка ќе го реши натпреварот а блага предност и давам на репрезентацијата на Мароко.

Португалија – Шпанија – X2 или 3+ @ 1.27 или 2.22 во Coinbet24

Петок, 15.06.2018, 20:00 часот, Стадион ( Fisht Olympic Stadium – Сочи )

Нај интересниот дуел во првиот круг од светското порвенство. Европскиот првак против еден од фаворитите на ова светско првенство. Можеби оние што сакаат допадлив и убав фудбал за око не се симпатизери на играта на Португалската репрезентација меѓутоа фактот дека се актуелни европски шампиони доволно говори за нивниот квалитет. Сигурен сум дека Роналдо и дружината нема да играат споредна улога на ова Светско првенство и доколку ја имаат онаа компактност и стабилност во играта како на Европското првенство мислам дека ќе стигнат доста далеку. За Шпанците што и да се каже ќе биде веќе се кажано но и видено. Еден од главните фаворити на ова Светско. Кога ќе се види какви имиња има на располагање нивниот селектор, тогаш е многу јасно дека доколку селекторот направи прав спој на младоста и искуството ќе игра главна улога на ова првенство. Мала предност им давам на шпанските репрезентативци, а мислам дека ќе има најмалку 3 гола на овој натпревар.

Целата рубрика можете да ја следите на специјализираниот портал kladenje.mk

Види ги останатите типови на Kladenje.mk.

Коментари
  • типови

    Предлог типови 29.11.2018

    Кладење.мк е најдобриот специјализиран сајт во Македонија кој нуди совети за обложување, п…
  • типови

    Предлог типови 26.11.2018

    Кладење.мк е најдобриот специјализиран сајт во Македонија кој нуди совети за обложување, п…
  • типови

    Предлог типови 25.11.2018

    Кладење.мк е најдобриот специјализиран сајт во Македонија кој нуди совети за обложување, п…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…