Дома Фудбал Откриено колку заработува Чеферин во УЕФА

Откриено колку заработува Чеферин во УЕФА

Шпански „Футбум“ објави колку голема плата има претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин.

Според изворите на овој медиум, Словенецот кој е на чело на УЕФА има примања од 3,4 милиони евра.

Шпанците наведуваат дека станува збор за бруто износ, а наводно неговата нето плата изнесува околу 2,04 милиони евра.

Односно, овој словенечки адвокат дневно заработува речиси 6.000 евра од неговиот ангажман во УЕФА. Дополнително, наводно неговата плата неодамна била зголемена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Џејми Карагер повторно ја отвори темата за иднината на Унаи Емери, откако неговите претход…