Манчестер Сити синоќа беше „шокиран“ на својот стадион од Лион, кој славеше со 2:1 во првото коло од Лигата на шампиони.
Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола поради суспензија мечот го проследи од ВИП ложата заедно со сопругата, синот и двете ќерки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај неочекуваниот пораз, Гвардиола на крајот се соочи со уште еден проблем. Неговата помала ќерка тешко го прифати поразот и почна да плаче, па тој мораше да ја теши, а сликата денес го обиколи светот.
Нормално, ќеркичката на Пеп со тоа ги собра симпатиите на фановите на Манчестер Сити.
Pep’s daughter crying after Man City lost at home to Lyon pic.twitter.com/LNscInfDII
— The Pep (@GuardiolaTweets) September 20, 2018