Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерите на Пелистер се затруле со салата!

Фудбалерите на Пелистер се затруле со салата!

Центарот за јавно здравје – Велес потврди присуство на бактерија во еден вид салата од ресторанот во Велес во кој во саботата се затруја четиринаесет фудбалери на „Пелистер“.

Исто така, на брисевите кај неколку од вработените потврдено е присуство на патогени бактерии. Со ова се потврди дека фубалерите се затруле со храна. Кујната во објектот беше затворена на денот на вонредниот инспекциски надзор.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Фудбалерите на битолски „Пелистер“ се затруја со храна пред натпреварот што требаше да го одиграат со „Шкупи“. По ручекот што го имале во ресторан во Велес, почнале да се жалат на тегоби и стомачни проблеми по што биле хоспитализирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…